А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија претставена во Виена

by А1он22/06/2014 - 10:59135
Share0

„Македонија ја среќава Австрија“ е насловот на двократното претставување на земјава во Виена. Средбата беше организиарана од страна на Македонската Амбасада во Виена и почесниот конзул, Вилхелм Ридер.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во вкупно осум часа, на двете вечери, беа претставени бројни модели од дизајнерите Златко Јовановски и Марија Маци, оперската пејачка Ирена Крстеска изведе неколку арии од австриски и македонски автори, хорот на црквата „Св. Богородица“ од Скопје исполни неколку хорски композиции и македонски народни песни, а КУД „Македонка“ настапи со ора од разни краеви на Македонија.

На настанот, што се одвиваше во Паолос Ворлд во строгиот центар на Виена, австрискиот  тур оператор  Атер, додели две наградни патувања за Охрид, а Македонската културна заедница ги подготви заинтересираните туристи на храната што ги очекува во земјава.

Посетителите на промоцијата имаа можност да ги дегустираат вината на Бовин, Стоби, Трајковски, Камник и Картал. За туристичките локалитети говореа Џон Фокс од Атер и Конзулот Ридер. За културните и политичките врски Австрија – Македонија говореше амбасадорот Ѓорѓи Филипов, кој нагласи дека двете земји годинава слават 20 години од воспоставување дипломатски односи. Програмата ја снимаше Телевизискиот канал ОКТО, државен канал на Виена, кој ќе емитува полчасовна емисија за настанот.

Следете a1on на Youtube YouTube
mnr

Би можело да ве интересира

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:0412/05/2026 - 17:17

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто