Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани

Од:

На Меѓународниот аеродром Скопје попладнето пристигнаа 14 граѓани на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и членови на нивните семејства.

„Станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Со ова земјава ја продолжува активната улога во меѓународната операција за помош на граѓаните на Авганистан.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан за кои институциите се ангажирани со сета поддршка и помош. Од Северна Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Велика Британија преселува илјадници Авганистанци на своја територија

Иран депортира над 300.000 авганистански мигранти под сомнение дека се израелски шпиони

Уште 68 Авганистаници добија привремено сместување во земјава

Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

А1он

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа од Македонија кон нивната трајна дестинација

Ана Ололовска

39 граѓани на Авганистан од Македонија заминаа за Канада

Ана Ололовска