Македонија на изложба во НАТО претставена само со знамето, без уставното име и придавката „македонски“

Од:

На изложбата на фотографии за успесите во Авганистан на земјите од Американско-Јадранската повелба (А5), поставена во седиштето на Алијансата, Република Македонија наместо под уставното име е претставена  само со знамето, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Во организација на Црна Гора, која е претседавач до крајот на годинава со А5,  на изложбата четири од петте земји: Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора се претставени под своето официјално име, додека Македонија, со согласност на македонската Mисија при НАТО,  само со знамето! „Босански воени сили“, „црногорски сили“,„албански сили“,„хрватски воени сили“ е забележано во текстовите на сликите за војниците од составот на овие држави, додека за Македонија не е употребена ниту придавката „македонски“!

Од македонската Мисија при Северната алијанса ни потврдија дека тие самите го напишале текстот во кое е претставена нашата земја, што значи дека самите сме се откажале од употреба на уставното име, официјалната референца „ПЈР Македонија“ со која не условува НАТО, но и од придавката „македонски“, па над сликите со македонските војници стои само официјалното знаме и голи информации за успесите во Авганистан.

– За жал, реалноста е дека НАТО не признава како ПРЈ Македонија. Па, не знам дали е подобро да бидеме претставени со оваа референца или воопшто да нема ништо во однос на нашето име, ни посочи амбасадорот на Република Македонија при НАТО, Мартин Треневски.

Според амбасадорот Треневски, текстот кој го дала мисијата што тој ја предводи за изложбата бил одобрен и од македонското Министерство за одбрана, што значи дека според неговите зборови, Мисијата на РМ при НАТО и министерството организирано се откажале од почитувањето на македонскиот Устав и застапување на интересите на македонската држава во странство.

Инаку, изложбата за претставување на земјите што партиципираат во мисијата на НАТО во Авганистан, ја отвори црногорскиот министер за надворешни работи Игор Лукшиќ, заедно со заменик-генералниот секретар на Алијансата, Александер Вершбоу. А, во Авганистан, македонската армија во моемнтов учествува со 153 војници, додека досега вкупно 2.329 војници од Македонија помогнале во ИСАФ-мисијата.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски