Македонија на 72. место по Индексот на дарежливост

Од:

Британскиот фонд за добротворна помош (Charities Aid Foundation) веќе петта година по ред спроведува истражување за индексот за дарежливост на земјите ширум светот.

Индексот на дарежливост се мери со просекот во три категории на доброволно однесување – процент на лицата кои месечно донираат пари во хуманитарни цели, оние кои волонтираат и оние кои им помагаат на непознати лица кои зависат од нашата помош. Истражувањето се спроведува петта година по ред и е најголемо такво во светот и е со цел да ги поттикне поединците и нациите да бидат подарежливи.

На врвот на листата се Соединетите Американски Држави и Минамар, сиромашна држава на југоистокот на Азија. Следуваат Канада, Ирска, Нов Зеланд и Австралија.

На листата од 135 земји, Македонија се наоѓа на солидното 72. место, при што сме на 41. место кога е во прашање донирање пари, на 98. за укажување помош на непознат и на 90. место за волонтирање. Во однос на минатата година сме напредувале за 29 места.

Од земјите од регионот, најдобро рангирана е Словенија на 24. место и Косово на 50. место. Потоа следуваат Албанија на 85. место, Босна и Херцеговина на 103., Грција на 120., Србија на 124., Бугарија на 126. и Хрватска и Црна Гора на 130 место.

На оваа листа најлошо рангирана на 135. место е Јемен.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза