А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Македонија меѓу државите со најмалку тестирани, Филипче најавува стратегија за тестирање асимптоматски носители

by Мери Јордановска04/05/2020 - 16:0804/05/2020 - 16:23930
Share0

Со направени 8.287 теста на милион жители, земјава во моментов е една од државите со најмалку направени тестови за Ковид-19 во регионот. Зад нас се Бугарија, Албанија и Грција, додека Словенија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина предничат по бројот на направени тестови на милион жители.

Следете a1on на Instagram Instagram

Министерот за здравство Венко Филипче претходно тврдеше дека потребата за правење тестови се намалила, бидејќи во здравствените институции се јавуваат се помалку пациенти со симптоми на коронавирусот за тестирање.

Во последниве денови опозицијата обвинуваше дека намалениот број тестови се должи на фактот што Владата се подготвува за избори, па оттаму сака да прикаже и помал број заболени. На денешната прес-конференција, министерот Филипче категорично ги отфрли овие тврдења.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Дискутиравме утринава и на состанокот на Комисијата за заразни болести, Институтот и Центарот за јавно здравје пристапува кон правење на план за скрининг на лица за кои се смета дека се во некои критични категории, со оглед на слободниот капацитет кој сега го имаме во лабораториите. Како одминува оваа фаза од епидемијата, се наметна потребата да се надгради стратегијата, која досега даде исклучително добри резултати и тоа што сега имавме намален број тестирања е тоа што сакавме да го постигнеме, затоа што тестиравме пациенти кои имаат симптоми, што е доказ дека се намалува бројот на активни случаи“, изјави тој.

Во наредниот период вирусот ќе се детектира во групи на граѓани каде што би било можно да има асимптоматски носители, со цел тие да бидат третирани на начин на кој ќе препорача Комисијата за заразни болести. Тие асимптоматски носители евентуално би биле постари лица, лица вработени во јавната и државната администрација и сл.

„Ако успееме да детектираме групи на асимптоматски носители, одредени мерки може да важат само за нив. Во текот на денот веќе беа изработени одредени протоколи и ако бидат прифатени од целата комисија, истите ќе ги обелодениме. Согласно сегашните критериуми, веќе никој не чека за тестирање, па затоа преминуваме во нова фаза каде стратегијата ќе се надгради“, рече Филипче.

koronavirus mkdvenko filipce

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Горан Наумовски26/10/2026 - 13:33

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:1619/10/2026 - 13:35

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он15/10/2026 - 20:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео