А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

И Македонија ќе протера еден руски дипломат поради скандалот со Скрипал

by А1он26/03/2018 - 18:5926/03/2018 - 19:03189
Share0

„Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Добивај вести на вибер

Нелегалното користење на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји“ се вели во соопштението на МНР.

Од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани 30 руски дипломати во глобална координирана акција како одговор за Москва поради труењето на поранешен двоен шпион во Велика Британија. Во таа листа, најмногу ќе бидат протерани од Германија, Франција и Полска од каде се очекуваат заминувања на по четири дипломати.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас во британскиот град Солсбери на 4 март.

Портпаролката во Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека потегот е дел од глобална координирана акција против Москва како „одговор кон Русија за употребата на хемиско оружје на територија на Велика Британија“.

mnrrusija

Би можело да ве интересира

Примирјето во Украина започнува денес

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:19

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:59

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:58

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Горан Наумовски10/04/2026 - 17:24

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Горан Наумовски09/04/2026 - 17:11

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Горан Наумовски08/04/2026 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто