Македонија ќе биде дел од Европскиот зелен појас

Од:

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски денеска во Берлин ќе ја потпише декларацијата за намера за Европски зелен појас.

Иницијативата се користи како алатка за воспоставување на прекугранични заштитни подрачја со цел заштита и зачувување на дивите видови.

Зелениот појас во Македонија како дел од Балканскиот зелен појас се протега по должината на границата на Република Македонија со соседните земји, опфаќајќи притоа шумски, планински, тревести и водни екосистеми.

Површината на македонскиот зелен појас изнесува 5.125 километри на метар квадратен што претставува околу 19,9 проценти од вкупната површина на државата. Опфаќа 11 заштитени подрачја и тоа националните паркови Пелистер, Маврово и Галичица, спомениците на природата – Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, Вевчански извори, Смоларски водопад, Колешински водопад и Мајдан, како и паркот на природата – Езерани на Преспанското езеро.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска