Kон водите како општо добро, треба да се однесуваме со посебна грижа, водејќи сметка за нашето влијание врз нив, но и за тоа на каков начин и во која количина ги користиме, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на конференцијата по повод завршувањето на проектот „Развивање национална студија за тарифи за вода”.
Проектот вреден 785.000 евра беше насочен кон изработка на Студија за тарифи за вода која ги предложи економските инструменти за користење на водите и методологијата врз основа на која ќе се пресметува користењето на водата независно дали под тоа се подразбира испуштање отпадни води или консумирање вода.
Целта беше да воспостави економски инструмент за имплементација на првите чекори во примената на принципот „загадувачот плаќа” во секторот води, што е поврзано со финансиската одржливоста на идните инвестициски проекти.
– Намера на проектот е да изработи национална тарифна студија за воспоставување економски инструмент за балансиран систем на цените на водните услуги и за финансиско одржливо управување со инвестициските проекти.
Специфичните цели вклучуваат: поставување основа за реформите кои ќе следат во секторот води, креирање тарифи согласно ЕУ принципите и најдобрите европски искуства, развивање економски инструмент за примена на првите чекори од „загадувачот плаќа“, покривање на трошоците за услугите и обезбедување финансиски одржливо управување со инвестициските проекти во секторот води, нагласи Изаири.
Министерството планира наредниот месец да ја почне постапката за консултација за законот за утврдување на тарифите за вода. Воедно, воспоставувањето на одржлива правна и институционална рамка за утврдување на тарифите за користње на водите е услов за спроведување инвестиции во секторот води.
– Без обезедување оддржлив систем на финансирање не можеме да очекуваме дека ново изградените пречистителни станици ќе бидат функционални, ниту пак можеме да очекуваме ЕУ и другите донатори да ни помагаат во исполнување на обврската за прочистување на урбаните отпадни води, подвлечќе министерот.