Македонија ја чека силен економски удар ако ги забрани геј браковите

Од:

Македонија ќе доживее силен економски удар ако помине амандманот за забрана на истополови бракови, како и забрана за граѓански заедници или било која друга форма на животно партнерство за истополовите партнери, особено поради тоа што Владата на премиерот Никола Груевски активно бара странски директни инвестиции.

Ова го смета Крис Палиаре, врвен канадски правник и претседател на Друштвото на македонските канадски правници (МЦЛА) кој на 29 октомври 2014 година, испратил писмо до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и до премиерот Никола Груевски, изразувајќи силно противење на предложениот уставен амандман XXXIII, со кој ќе се забранат истополовите бракови, како и воведување забрана за граѓански заедници или било која друга форма на животно партнерство за истополовите партнери, објави денеска ЛГБТИ.мк.  

„Ако клучните вработени се во истополовите бракови или нивните деца се во таков однос, тоа може да биде пресуден фактор во нивното одлучувањето да се лоцираат на друго место. Компаниите имаат голем избор за тоа каде може да се лоцираат, и токму таму ќе се лоцираат. Дополнително, туризмот неизбежно ќе биде негативно афектиран, оние кои се во вонбрачна заедница или во заедница помеѓу истополови партнери нема да се чувствувате удобно додека ги трошат нивните пари во една земја која усвоила одредба во Уставот како Амандман XXXIII“, смета Палиаре.

Мислењето на МЦЛА е во согласност со мислењето на Извештајот од 13. октомври 2014. на Венецијанската комисија на Европската комисија за демократија преку правото на предложените измени и дополнувања на Уставот на Република Македонија. Македонско-канадското здружение на правници, каде се претставени повеќе од педесет канадски адвокати со македонско потекло, во согласност со мислењето од Извештајот на Венецијанската комисија и со цврст став, го повика премиерот Никола Груевски да се повлече овој предлог на Нацрт-амандмани на Уставот на Република Македонија.

До денес, ниту претседателот Иванов ниту премиерот Груевски не одговорија на ова барање.

Според Палиаре уставниот Амандман XXXIII ќе биде „нездрав“ за Македонија зашто не постои рационално-правно оправдување за овој уставен амандман.

„Единственото оправдување што може да произлезе е поради политички цели, кои никогаш не треба да бидат дел од владината програма, кога се во прашање човековите права. Второ, доколку самата држава Македонија се ангажира во уставна дискриминација на сопствениот народ, така ќе се оневозможи тешкиот процес на убедување на другите земји за потребата од заштита на македонските човекови права, бидејќи се чини дека истите не се достојни за заштита на сопствената територија. Трето, во писмото се истакнува дека во повеќе или во шест наврати ЛГБТИ Центарот за поддршка во Скопје беше нападнат во текот на изминатите две години, од кои во пет од случаите нема правни последици, вклучувајќи го и нападот што се случи на 23 октомври 2014 година во кафе-барот „Дамар“ во Скопје врз ЛГБТ заедницата, при што вооружени, маскирани хулигани извршија напад за време на прославата за двегодишното постоење на ЛГБТИ Центарот за поддршка“, пишува на сајтот ЛГБТИ.мк.

Палиаре тврди дека шестте напади од последните две години, без било кој од сторителите да се гонети или изведени пред лицето на правдата, не е нешто со што Македонија треба да се гордее. Според него, со предложените уставни измени ќе се поттикнат овие напаѓачи и следбеници кои сметаат дека ЛГБТ членовите и нивната заедница на некој начин се помалку вредни членови на општеството поради нивната сексуална ориентација, што пак може да резултира со разгорување на уште повеќе хомофобично насилство од омраза во земјата.

Крис Палиаре е канадски адвокат, со македонско потекло, и е познат како пионер во водењето на литигациски случаи. На 20 септември 2014 година, Палиаре ја доби наградата за животно остварување од страна на Обединетата македонска дијаспора (Канада), за време на одржувањето на Macedonian Tribute Ball во Торонто.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on