Македонија избрана за член на Бордот на гувернери на ИАЕА

Од:

Република Македонија е избрана за член на Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), а амбасадорот Кире Илиоски за гувернер на новиот состав на Бордот на гувернери за периодот 2014-2016 со двегодишен мандат, соопштија од македонската Амбасада во ОБСЕ.

Бордот на гувернери претставува едно од најбитните тела на Агенцијата за носење одлуки и креирање политики. Со членувањето во ова тело, потенцираат од Амбасадата, Република Македонија ќе има активна улога во креирањето на политиките и ќе се стекне со поголема видливост во рамките на Агенцијата.

Членството во Бордот на гувернери овозможува низа политички и технички/експертски придобивки, како и поголем простор за реализирање на националните приоритети на државите-членки.

Меѓународната агенција за атомска енергија е светскиот центар за научна и техничка соработка во сферата на нуклеарната енергија со основна цел промоција на нуклеарната енергија во мирољубиви цели, преку спречување на нејзината воена намена.

Би можело да ве интересира

ЕВН Македонија го отвори првиот Изложбен центар за електрична енергија во Македонија

Ана Ололовска

Се зголемува свеста за енергетска ефикасност во Малешевијата

Ана Ололовска

Глоба од 3 милиони евра за трговци со електрична енергија

Ана Ололовска

Грејната сезона на прагот – колку се сигурни оџаците

Ана Ололовска

Форум за надминување на бариерите за инвестирање во обновливи извори на енергија

Емир Латифовиќ

ФОТО: 9-та „Недела на енергетика Македонија 2013“ во Скопје

Ана Ололовска