Македонија испраќа дополнителна помош во Република Турција

Од:

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 128-та седница. Владата донесе одлука за испраќање дополнителна помош во Република Турција.

Донесена е одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање нови 36-мина припадници на Армијата на Република Северна Македонија – Батаљон за специјални операции, за учество во хуманитарна операција во Република Турција.

Донесена е и одлука за испраќање нови 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување, за учество во давањето помош на Република Турција во санирањето на последиците од земјотресот.

Се испраќа и, според информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување и комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, 10 возила за транспорт на опремата и луѓето.

Би можело да ве интересира

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек на Армијата која учествуваше во спасувачката мисија во Турција

Горан Наумовски

Нов силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Собрани 27.909.130 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Битолските спасители се вратија од настраданите подрачја во Турција

Ана Ололовска

Црвениот крст ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Турција и Сирија

Ана Ололовска