Македонија и Србија со заеднички ДКП-a во некои земји

Од:

Македонија и Србија се пријателски земји, a заеднички интерес е билатералните односи да бидат колку е можно подобри. Србија ја поддржува европската иднина на Македонија. Oвој регион неоправдано со години и децении е потценуван во однос на другите делови на Европа и затоа заслужува што поскоро да влезе во ЕУ.

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ, по денешната средба во Скопје со шефот на македонската ддипломатија Никола Попоски.

Дачиќ и Попоски денеска потпишаа Спогодба за рационално користење на ресурсите во однос на заеднички дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) во странство. Се очекува најскоро да се дефинира на кои локации и во кои земји таа соработка е потребна и можна.

Шефовите на дипломатиите на Србија и на Македонија најавија дека втората заедничка седница на Владите на двете држави ќе се одржи во Скопје во октомври или ноември годинава.

Министерот Попоски меѓу другото потенцира дека во делот на економската соработка е разговарано за прашањата за развој на туризмот, за Коридорот 10 и за целосно автопатско решение и унапредување на железничкото поврзување, но и за енергетското поврзување на двете земји. Регионалната соработка, исто така била тема на разговор на средбата, особено во делот што се однесува на потенционалните кандидати за членство во ЕУ. Сметаме, истакна Попоски, дека по овие прашања можеме да имаме доста плодна соработка.

– Ние сме големи долгогодишни економски партнери и треба што повеќе да работиме заеднички на развојот на тие економски односи. Нашиот обем на размена е некаде 850 милиони евра годишно и треба да работиме заеднички да настапуваме на некои трети пазари, изјави Дачиќ.

Покрај средбата со својот домаќин, шефот на македонската дипломатија Попоски, Дачиќ ќе разговара и со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов