Македонија и регионот добиваат ракавици и гел за дезинфекција од Австрија

Од:

Европскиот механизам за цивилна заштита доби повеќе барања за помош од земји членки на ЕУ, како и од земји од регионот, вклучително и Северна Македонија, за справување со здравствената криза, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Конкретно, Австрија испраќа заштитни ракавици и гел за дезинфекција во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија, додека Србија ќе добие ќебиња, душеци и шатори за бегалците кои се наоѓаат на нејзина територија.

– Вирусот не познава граници и соработката е единствениот начин да го спречиме. Благодарен сум им на Словачка и Австрија за нивните гестови на европска солидарност, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич.

Европската комисија потсетува дека оваа асистенција за земјите од регионот е дел од општата помош на ЕУ за западниот Балкан, тука е вклучена и финансиска помош.

Земјите членки на ЕУ продолжуваат исто така да ја координираат взаемната помош преку Европската комисија. Словачка испраќа маски и гел за дезинфекција во Италија, а Австрија истите предмети во Хрватска.

Италија, како најпогодена земја од коронавирусот, до сега добила бројни понуди за помош преку Механизмот за цивилна поддршка, вклучително и цели тимови на лекари и медицински сестри.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска