Македонија и Бугарија ќе ја интензивираат соработката во енергетиката

Од:

Македонија и Бугарија ќе ја интензивираат соработката во енергетиката, беше истакнато на денешната средба на премиерот Зоран Заев со министерка за енергетика на Република Бугарија Теменушка Петкова и со претставници на Бугарската асоцијација за гас во Софија.

На средбата е изразена подготвеност за реализирање заеднички проекти од ЕУ фондовите, а посебно беше посочена потребата од изградба на нов конектор меѓу двата гасоводни система.

Заеднички е оценето дека енергетиката е една од важните области за соработка за која има интерес од владите на двете земји да ја развиваат. Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката.

Премиерот Заев, претходно, на брифинг со новинарите истакна дека Република Македонија и Република Бугарија со средбите на највисоко ниво, со премиерот Бојко Борисов и со претставници на владино и државно ниво во Софија, отвораат „ново златно поглавје” во меѓусебната соработка.

– Споделувањето заеднички културни вредности е само придобивка и соработката меѓу Македонија и Бугарија ќе покаже како се унапредуваат добрососедски односи и се отвораат евроатлантски перспективи и за Република Македонија, но и за регионот, изјави Заев кој ја заокружи посетата на Бугарија со средба со претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, која, според владината прес-служба, исто така ги поддржа реформските процеси и евроатлантските аспирации на Македонија.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски