Македонија и Австрија ја продолжуваат соработката во одбраната и безбедноста

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска се сретна со австрискиот амбасадор Томас Михаел Бајер  и со досегашниот и со новопоставен одбранбено аташе на Австрија во Македонија, бригаден генерал Реинхард Шоберл и  полковник Томас Ахамер.

На средбата, како што информира ресорното Министерство, станало збор за одличните билатерални односи и соработката на полето на одбраната и безбедноста меѓу двете земји, а биле разменети и искуства во областа на воздушното набљудување.

Соговорниците ја потврдиле и значајната улога на Република Австрија во поддршката за евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Воедно се разговарало и за одржување на семинар  со австриски професори на тема „Право на вооружен конфликт“, како и за продолжување на меѓусебната соработка во делот на образованието и едукацијата.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он