Македонија е полна со „диви“ поштари и курири, граѓаните лани двојно повеќе се жалеле

Од:

Од почетокот на 2021 година до Агенцијата за пошти биле поднесени вкупно 30 претставки од корисниците на поштенските услуги, што според директорката на Агенцијата, Билјана Аврамоска Ѓореска, во овој период бројот на поднесени претставки е двојно зголемен во однос на изминатите години.

– Дваесет и четири поднесени претставки се од физички лица, додека пак преостанатите шест се од правни лица. Од подносителите, во својство на примачи на пратки се евидентирани 17 корисници, а 13 како испраќачи. Основата за поднесување на претставките е различна. Во 15 претставки подносителите бараат информација за тоа на кој начин можат да ги остварат законсите права, во три бараат препораки за тоа како да постапат во случај кога пратките не се доставени, во четири претставки се бара информација за статусот на пратките, во три корисниците бараат обештетување по различен основ и во една претставка подносителот информира за онлајн измама, изјави директорката на Агенцијата за пошти.

Агенцијата утврдила дека станува збор за достава извршена од страна на нелиценциран давател, што според неа, е една од причините за кои во иднина меѓу другото акцент ќе стават и на инспекцискиот надзор врз ние кои не поседуваат општо овластување за обезбедување на поштенски услуги.

Според Ѓореска, причината за помалиот број на претставки во претходниот период е резултат на ниската свесност за проблемот и недоволната информираност.

– Затоа во наредниот период, ова нека биде како најава, ќе организираме веб кампања зошто треба да се користат лиценцираните даватели на услуги , бидејќи тие пред се овозможуваат заштита на правата на корисниците на поштенските услуги, односно лиценцираните даватели ги штитат корисниците на поштенските услуги со тоа што им се дава можност по претходно утврдени протоколи да го искористат правото на поднесување на приговори кои се однесуват на обезбедувањето на поштенската услуга, додаде таа.

Од Агенцијата информираа дека овој период е специфичен и по бројот на детектирани диви поштенски компании.

– Агенцијата за пошти откри осум субјекти кои работат во поштенскиот бизнис без дозвола. Кај два од нив се констатирани прекршоци, но секако дека и останатите ќе бидат предмет на надзор и ќе бидат преземени соодветни мерки и санкции, предупреди Ѓореска на денешната 16. седница на Агенцијата за пошти на која беше презентиран статистичкиот извештај за поштенските активности за 2020 година.

Би можело да ве интересира

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Предраг Петровиќ

Од пошта украдени пари, поштенски марки и други предмети

„Еко Логистик Сервис“ е лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година

Орце Костов