А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија деветта во светот по трансплантации од жив донор

by А1он28/11/2014 - 14:11144
Share0

Според последниот извештај објавен на веб страницата на Интернационалниот регистар за донирање на органи и трансплантација, (www.irodat.org), Македонија е на листата на 10 земји со најразвиена трансплантација од жив донор.  Државава е на 8 место според бројот на трансплантирани бубрези од жив донор, веднаш по Турција, Холандија, Кипар, Либан, Исланд, Северна Кореа и Иран. Големиот број трансплантирани бубрези од жив донор, ја позиционира и на високото деветто место и на генералната листа на трансплантирани органи од жив донор.

Добивај вести на вибер

Ова денеска на прес-конференција го истакна доктор Аспазија Софијанова, национален координатор за трансплантација, која рече дека бројките се однесуваат за 2013 година и во истражувањето биле вклучени 71 земја од целиот свет. После Македонија на листата се земји како Данска, САД и Велика Британија.

– Ова е само показател дека во последните три години има зголемување на бројот на трансплантации од жив донор. Ако во последните 30 години имавме направено вкупно 308 трансплантации на бубрези од жив донор, само во изминатите три години бројката на трансплантирани органи е 92, што значи дека секоја година имаме се повеќе трансплантации, посочи Софијанова.

Нагласи дека во време кога прават напори да заживее кадаверичната трансплантација среќни се како тим што на светската мапа за донирани органи и трансплантација сме забележани и како земја со голем број трансплантации од жив донор.

– Се надевам дека веќе следната година ќе не има и во статистиката на земји кои имаа забележителен успех и во делот на кадаверичната трансплантација. Изминатава година покрај трансплантациите од жив донор, има направеме направено и шест кадаверични трансплантации. Се надеваме дека годината ќе ја завршиме барем со уште две трансплантации, додаде Софијанова.

Сашо Дохчев од тимот за трансплантација на Клиниката за урологија рече дека според нивото на компликации кое изнесува 10 отсто, Македонија се движи во светски рамки што, според него, значи дека најголемиот број трансплантации се успешно извршени.

– Оваа година го зголемивме обемот на траснплантации и воведовме и кадаверична трансплантации. Од шест кадавери се направени 12 трансплантации. Бројот за годинава на вкупниот број трансплантации од живо донор и кадаверични трансплантации досега изнесува 37, што е поголема бројка од изминатата година. Денеска ќе ја извршиме и 38-та трансплантација годинава од жив донор. До крајот на годинава се предвидени уште четири трансплантации од жив донор, потенцира Дохчев.

Изрази надеж дека идната година уште повеќе ќе се зголеми бројот на трансплантации.

– Кога го преземавме од постарите колеги раководството на тимот за трансплантација имаше над 80 пациенти на листата на чекање. Сега како ги спремаат пациентите ние така ги оперираме. Нема ниту месец дена чекање и ги завршуваме сите пациенти кои се на листата на чекање за трансплантација од жив донор. Листата на чекање за кадаверична трансплантација е подолга и зависи од бројот на кадавери, додаде Дохчев.

Болничкиот координатор на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Маја Мојсова рече дека во последните три години го подобриле квалитетот и времетраењето на трансплантациите.

– Со оглед на тоа дека се направени 308 трансплантации од жив донор за овие 30 години, веројатно треба многу работа за да може на ист начин да ја заживееме и кадаверичната трансплантација со еден мотив да им помогнеме на пациентите кои се во краен стадиум на бубрежно заболување и да имаат поквалитетен живот, истакна Мојсова.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 18:24

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Горан Наумовски09/03/2025 - 17:14

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Предраг Петровиќ28/02/2025 - 17:51

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски30/01/2025 - 12:2530/01/2025 - 15:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен