Македонија дел од европската кампања „Недела на дигитално вклучување“

Од:

Безбедноста на интернет, особено за младите лица со попреченост, и значењето на дигиталните вештини за поттикнување на вработливоста, ќе бидат во фокусот на овогодишните активности во Македонија за одбележување на европската кампања „Недела на дигитално вклучување“ (Get online Week), што се спроведува од денеска до 20-ти овој месец. 

Здружението „Отворете ги прозорците“, национален координатор на кампањата, најави одржување  работилница за безбедност на интернет во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци, која ќе вклучи млади лица со и без попреченост.

Централен настан во одбележување на кампањата ќе биде конференцијата на тема „ИКТ и вработување: потреба и можности“ која има цел да придонесе за јакнење на свеста за потребата и можните придобивки од користењето на ИКТ како олеснителна вештина за еднакви можности на сите на отворениот пазар на труд.

Од Здружението „Отворете ги прозорците“ ги повикуваат граѓаните да се вклучат во активностите. Идејата е да се поттикнат што поголем број граѓани да дадат поддршка за промоција на можностите што ги нуди интернетот и технологијата.

Секој граѓанин на Македонија ќе може да ја даде својата поддршка преку пополнување на анкетниот прашалник, што ќе биде поставен на веб-страницата на Отворете ги прозорците www.openthewindows.org.

Кампањата „Недела на дигитално вклучување“ се реализира еднаш годишно во повеќе од дваесет земји во Европа и има цел да ги поттикне луѓето да ги користат придобивките од информациско-комуникациската технологија и интернетот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза