„Македонија блокира“: Вчера пред Собранието имаше повеќе луѓе отколку на НАТО-журките на СДСМ

Од:

„Македонија-Блокира“ со писмено соопштение ги осудува, како што велат, лагите и заканите на СДСМ во нивното вчерашно соопштение во кое луѓето кои беа синоќа на Сенародниот македонски протест ги нарече маргинални групи и поединци и остатоци од режимот.

„Што е најстрашно, од СДСМ повторно се заканија со кривични пријави против учесниците на протестот за наводен говор на омраза. Ова само по себе е скандал од хунтата на власт бидејќи на Сенародниот протест во еден глас сите повикуваа на одбрана на светото македонско име, што значи дека од синоќа за Зоран Заев употребата на името Македонија ќе биде кривично дело говор на омраза“ велат од „Македонија блокира“.

Тие исто така реагираат на изјавата на СДСМ дека посетеноста била слаба и тврдат дека вчера пред Собранието имаше повеќе присутни од прославата на СДСМ за НАТО.

„Пред Собранието имаше голем број присутни за разлика од собирите на СДСМ со т.н НАТО-журки кога СДСМ постави светски рекорд во посетеност во Охрид кога имаше само еден присутен на собирот на СДСМ. Исто така нека повелат од СДСМ да ги покажат фотографиите од нивното блокирање со шатори пред владата кога беа двајца-без тројца“ велат од „Македонија блокира“.

Тие го повикаа СДСМ да престане со сеење страв, оти, како што велат, процесот е тргнат храбро, решително и во интерес на народот.

„За околу месец дена ќе го видиме резултатот: или СДСМ ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на „Македонија блокира“.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“