Македонија бара ослободување на Навални

Од:

Македонија е меѓу 46-те земји потписички на заедничката изјава на Советот за човекови права во која се бара од Русија итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални како и на сите незаконски уапсени опозиционери.

Во изјавата се искажува загриженост за влошувањето на состојбата со човековите права во Руската Федерација.

„Апсењето на Навални и изрекувањето на казната се заснова на претходна пресуда која Европскиот суд за човекови права ја прогласи за призволна и за очигледно неразумна. Тоа се случи во контекст на обидот за труење на рускиот државјанин, а таа случка и натаму не е доволно истражена ниту објаснета“ – пишува во изјавата пренсува Танјуг.

Земјите потписнички се загрижени и поради големиот број произволни апсења на демонстрантите кои му изразија поддршка на Навални. На списокот меѓу државите потписнички покрај Македонија се и Црна Гора, Албанија, Хрватска, Франција, Германија, Велика Британија и САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Последната снимка од Навални, го префрлија во најозогласениот затвор во Русија

Горан Наумовски

Москва: Не постои правна основа да се ослободи Навални, Европскиот суд грубо се меша во внатрешните работи на Русија

Жарко Настоски