Македонија 4-та година по ред дел од „Часот на планетата Земја“

Од:

Од операта во Синдеј, Кулата во Токио, Емпајр стејт билдинг во Њујорк, Бакинамската палата и Парламентот во Лондон, па се до големите паркови во скопската општина Аеродром – сите овие, но и една поголема листа на споменици ќе бидат исклучени од осветлувањето во рок од еден час за спас на планетата Земја. 

WWF earthhour event 2012, Berlin in front of the Brandenburger Tor

Во рамки на иницијативата “Часот на планетата Земја“ на 23.03 осветлувањето ќе биде изгаснато на еден час во стотици места ширум светот. Ваквата акција има за цел да го привлече вниманието кон борбата против глобалното затоплување. Оваа година во акцијата ќе учествуваат повеќе од седум илјади градови од над 150 држави, меѓу кои и Македонија, а е организирана од Светскиот фонд за природа. 

Македонија веќе четврта година по ред се вклучува во оваа глобална иницијатива со цел да покажеме дека и ние можеме да бидеме дел од една ваква голема волонтерска акција. Оваа година планиран е онлајн концерт, кој во исто време ќе биде емитуван низ целиот свет, а во Македонија ќе биде достапен на следниот линк на веб порталот Популарно.мк и на официјалниот фејсбук настан. Освен оваа активност, новитет оваа година е вклучувањето на Црвениот крст на Република Македонија кои преку своите општински организации ќе ги вклучи своите волонтери, како и останатите граѓани во оваа акција. – сподели Ѓорги Селков, главен иницијатор на “Часот на планетата Земја“ во Македонија.

Глобалната иницијатива започна во Канада во 2007 година, кога 2,2 милиони семејства и претпријатија ги изгаснаа светлата на еден час, а две години подоцна овој настан стана и светско движење со милиони учесници во 92 земји. За “Часот на планетата Земја“ првото осветлување ќе биде исклучено во Фиџи, а потоа во Нов Зеланд.

poster-makedonija-planeta

Секоја година, акцијата во Македонија е поддржана и иницирана од продукцијата GPTM Production, која ќе го овозможи онлајн концертот за граѓаните во Македонија кој ќе биде хостиран на еколошски сервери, а исто така во иницијативата со нивна поддршка се преведени официјалното видео, постерите, рекламните материјали и слично. 

Навистина сум среќен што секоја година се повеќе граѓани и општини се дел од оваа акција, па така оваа година официјално имаме потврда од општината Аеродром дека ќе ги исклучи осветлувањата на поголемите паркови на територијата на својата општина, а во исто време сакам да испратам и јавен апел до останатите општини во државата да се вклучат во акцијата и да ги исклучат осветлувањата на поголемите споменици, паркови и јавни места во рок од еден час и со тоа заедно да се вклучиме во оваа акција. – додаде Ѓорги.

Со цел да ја направиме оваа акција помасовна во Македонија, приклучете се на официјалниот фејсбук настан и споделете го со вашите пријатели и роднини. Доколку учествувате во акцијата, можете да се фотографите или снимате, па следната година можеби и вие ќе се најдете на дел од светскиот промотивен материјал, затоа што сите материјали ќе бидат испратени до седиштето на Часот на планетата Земја во Канада и Сингапур. 

Исто така, вклучете се во интерактивни онлајн концерт во сабота во 20:30 часот на следната адреса, и бидете и вие дел од најголемата светска волонтерска акција.

Во продолжение погледнете го официјалното видео:

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он