А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонија 22 години полноправна членка на ОН

by А1он08/04/2015 - 08:5662
Share0

Република Македонија на денешен ден пред 22 години со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со тоа беше потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна Република Македонија.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името кои досега не дадоа резултати. Атина поради несогласувањата со уставното име, ја блокира поканата за Македонија за членство во НАТО, како и почнувањето на пристапните преговори со ЕУ.

Република Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со околу 170 држави во светот, а под уставното име е признаена од над 130 меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност – САД, Русија и Кина.

Следете a1on на Youtube YouTube
on

Би можело да ве интересира

Над 47.000 жени и девојчиња се убиени ширум светот во текот на 2025 година

Горан Наумовски24/11/2026 - 19:09

Левица: Македонија единствена европска земја против хуманитарна помош за Палестинците – ДПМНЕ ја влече државата кон талогот на цивилизацијата

Предраг Петровиќ19/11/2026 - 18:38

Туск ја исмеа можноста Орбан да стане генерален секретар на ОН: „Ова е апсурдно“

Горан Наумовски27/10/2026 - 19:50

Бербок: Не е потребна нова организација за да се обезбеди светскиот мир

Горан Наумовски21/01/2026 - 22:19

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

А1он02/06/2025 - 17:30

Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

А1он23/09/2021 - 18:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео