Македонец загина во Бугарија откако 19-годишник со кола се заби во кафе бар

Од:

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Разград откако 19-годишен возач удрил со својот автомобил во бар.

Меѓу жртвите е и Македонец кој имал постојан престој во Бугарија.

Несреќата е пријавена доцна синоќа по 1:30 часот. Младиот човек го возел својот автомобил на улицата Гранчарска во Разград, ја изгубил контролата и удрил во посетителите на еден бар.

Возачот бил тестиран за алкохол и дрога, а неговите примероци биле негативни. Исто така, земени се примероци од крв и урина за хемиска анализа. Автомобилот е во сопственост на неговиот татко.

Окружниот обвинител на Разград бил известен за случајот и започнала предистражна постапка. На возачот му е одреден притвор од 72 часа.

Би можело да ве интересира

Симеон Сакскобурготски: Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

А1он

Брод за транспорт на гас потона во Црно Море, во тек е потрага по преживеани – седум бродови потонаа за шест недели

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

Приведен возачот на камионот што предизвика еден од двата верижни судири во Бугарија

Фон дер Лајен: Безбедноста на Црното Море е безбедност на цела Европа