Mакедонец уапсен во Србија заради кражба на документација за производство на муниција

Од:

Државјанин на Северна Македонија, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први Партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, уапсени се денеска под сомнение за злоупотреба и примање мито.

Тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.

Според српското Обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и МВР на Србија.

Уапсено е едно лице државјанин на Северна Македонија, сопственик на фирмата „Арс група“ од Скопје, поранешен инженер во Први партизан од Ужице, едно лице од Пожега-конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан“ и М.М, соопшти Вишото јавно обвинителство.

На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција.

Весникот „Вечерни новости“ без да го наведува изворот, под насловот „Голема акција на БИА во српската фаврика за оружје-Уапсен е албански шпион“, наведува дека лицето од Мaкедонија и едно лице од Албанија се уапсени поради кражба на документација за производство на муниција од калибарот 12,7 мм.

Фабриката „Први Партизан“ од Ужице е една од најстарите и најголеми фабрики за муниција и покрај производството на 400-ина типови на муниција за карабини, пиштоли и револвери, произведува и артилериска муниција, машини за производство на муниција, алати за производство на муниција…

Би можело да ве интересира

Тешко повреден штипјанец донесен во Клинички, тврди дека го тепал болничар во установа во гевгелиско

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во селото Пирава, пронајдено тело

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

ВИДЕО: Расправија па тепачка меѓу тетовец и кумановец, МВР објави детали за инцидентот на скопскиот аеродром

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина