Македонец сакал да однесе во Америка стари монети вредни 2 милиони денари – фатен е на аеродром

Од:

Македонец кој требало да патува во Америка бил уапсен на аеродромот во Скопје. При редовна царинска контрола во неговиот куфер биле пронајдени ретки стари монети кои македонецот сакал да ги изнесе од земјава и однесе во САД.

„На 22.07.2023 година, околу 17 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД. Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари“ се вели во соопштението.

Монетите според проценката се вредни над 2 милиони денари.

Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението