Македонците во Србија и годинава во Јабука, во близина на Панчево, по седми пат и годинава организираа „Македонска вечер“, на денот кога се прославува Василица, православната Нова година.
Пред околу стотина гости, членови на македонските здруженија во Србија и нивните пријатели и претставници од Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, најзаслужни за пријатната и празнична атмосфера беа музичките гости Селимова-Желчевски, најпознатиот македонски дует и доајени на македонската народна музика, кои допреа до срцата на присутните гости пеејќи ги добро познатите македонски староградски песни и евергрини.