Македонците трети во свет по гледање телевизија

Од:

Просечно еден Македонец секој ден поминува дури 4 часа и 34 минути пред телевизор што е доволно Македонија да се најде на третото место во светот, по Србија и САД.

Во 2008 година македонскиот граѓанин просечно пред телевизискиот екран трошел 260 минути, а лани 274 минути, што е за 14 минути помалку од 2011 година.Според податоците на Советот за радиодифузија во земјава населението постаро од 65 години гледа најмногу телевизија (16,12 отсто од публиката). Жените вообичаено гледаат повеќе телевизија од мажите (7,28 отсто). Според образованието, најверни телевизиски гледачи се оние со средно образование – 39,93 отсто.

Агенцијата ИП Интернешнл маркетинг комити (IP International Marekting Committee) секоја година ги мери навиките на граѓаните во 38 држави во светот. Во самиот врв на оваа табела последниве години биле и Украинците со 286 минути, Грците со 268 минути, Хрватите со 267 минути и Романците со 257 минути. Во Јапонија пред ТВ апаратот се седи 200 минути, во Русија 220 минути, во Бугарија 225 минути. Од регионот, Словенците се во долниот дел од табелата со 186 минути.

Швајцарците имаат најмал интерес за ТВ програмите – 137 минути од германското говорно подрачје и 154 минути од француското говорно подрачје, а Швајцарците од италијанското говорно подрачје трошат дневно пред телевизорот 172 минути. Во Шведска, Норвашка и Данска просекот е околу 150 минути.

Би можело да ве интересира

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски

„Планета земја 2“ погледана од „Х-Фактор“

Емир Латифовиќ