Мајмунчето Лука од мизерниот кафез во битолската зоолошка пристигна во Скопје

Од:

Мајмунчето Лука, чија фотографија од тоа како седи во мизерни услови во валкан кафез во битолската Зоолошка градина никого не остави рамнодушен, денеска беше донесен во скопската Зоолошка градина.

Реакциите на граѓаните вродија плод –  вчера, веднаш по објавувањето на срцепарателната фотографија, се јави директорот на скопската ЗОО, Ѓорѓи Галетановски, кој рече дека ќе го преземат малото мајмунче и тоа денеска се случи.

Но, не е само тоа. Со Лука пристигна и неговата другарка, со која тој го делел кафезот во услови кои се под сите стандарди.

Веднаш штом пристигнал во Скопје, сведочи Тина Мицковска, портпарол на скопската зоолошка, Лука го сменил погледот.

„Веднаш почна да се радува, а другарка му не престана да го гушка“, вели таа, додавајќи дека веднаш си го познал своето старо живеалиште и неговите негуватели.

Малечкото мајмунче Лука беше напуштено од својата мајка, па поради тоа, чуварите од Зоолошката градина во Скопје го зедоа под своја заштита и го опсипуваа со љубов и нега.

И така беше се до денот кога го одведоа Лука во Битола, кога тој целосно го промени својот изглед и расположение.

Би можело да ве интересира

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

Катерина Ѓуровски

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Горан Наумовски