Мајки нападнати од своите синови во кумановско

Од:

Три лица, двајца кумановци и жител на липковско, ги нападнале своите мајки, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово. Како што информираат од СВР Куманово случаитe биле пријавени на 26 мај (недела). Едниот е приведен, за двата случаи полицијата презема мерки за целосно расчистување.

Вчера во 16:00 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син, наведува полицијата.

Час и половина подоцна, кумановка (70) пријавила во полицијата дека физички била нападната од нејзиниот син. За двата случаи, полицијата презема мерки.

На полноќ во неделата, полициските службеници пак лишиле од слобода дваесет и четиригодишен жител на липковско, Слупчане.

– СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (24) од село Слупчане, липковско, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираше СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово