Мајката на Тамара до Тодоров: Не знам зошто си разочаран

Од:

Не знам зошто си разочаран? Мојата Тамара ја нема веќе. Зошто? Уште пред три години во Велес јавно те молев да ме примиш, да те запознам со случајот на Тамара и до ден денес не нè прими иако знаеше дека те чекам пред Министерството. Тамара имаше болки, молеше за помош, ама ти не најде време да нè примиш и да нè сослушаш и затоа немаш одговорност“, напиша на својот профил на Фејсбук, Жаклина Димовска, мајката на Тамара, откако министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека бил разоќаран по смртта на деветгодишното девојче но и дека не чувствувал одговорност. Тодоров кажа дека направил се што можел.

zaklinaDimovska

Тамара која имаше деформитет на рбетот чекаше согласност да биде оперирана на државен трошок. Претходно беше одбиена да се лекува на државен трошок, а власта го смени мислењето по силниот притисок од јавноста.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Ана Ололовска

Галетановски до македонската дијаспора: Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди, никад да не се вратите

Татјана Ташкова

Пендаровски до Тамара: Вие сте наши победници!

Заев со честитка до Тамара: Одамна не сме биле олку горди

Дедото на Тамара доби 7 години и 6 месеци затворска казна

Ана Ололовска