(ВИДЕО) Мајката на Тамара до Тодоров: Да те стигне божја казна!

Од:

Пред преполниот простор пред Министерството за здравство кое го чуваат припадници на МВР, се обрати мајката на починатата Тамара, Жаклина Димовска. Таа му порача на Тодоров да не се крие и да си поднесе оставка како најодговорен.

– Господине Тодоров дали ме слушаш? Дали вашите деца вака страдаат како нашите? Излезете надвор и кажете дека сте виновни. не сте чувствувале одговорност, точно е, вашите деца се живи и здрави, едното мое го земавте, другото сеуште чека ваши потписи, заминете си, одете си, се обрати пред министерството за здравство Жаклина Димовска, мајката на малата Тамара.

Има нешто што се вика Божја правда, еден ден ќе ве стигне и вас, се молам вас да ве стигне, не вашите деца. Вие ја скративте шансата за живот на моето дете, вие и вашата другарка Парнарџиева, и Мехази кој долго време го чуваше документот и не сакаше да го даде. И денеска прочитав дека родителите на Тамара биле виновни за нејзината смрт, како не ви е срам?

Мојата Тамара која ве гледа од горе, и која еден ден ќе ви даде црвен картон, вие бевте тие кои сето тоа го изрежиравте и сега викате дека родителите се виновни. Три години од врата на врата молев и сега испадна јас не сум ја негувала Тамара како што треба. Вие мислевте дека лажеме, да ме примеше пред три години Тамара ќе беше жива. Да не излезеше со твојата скандалозна изјава дека Министерството за здравство ќе ја испрати на лекување и ќе ги покрие трошоците , ќе и помогнеа досега добри и хумани луѓе. Каде ја испративте? На вечно почивалиште. Има Господ и вечна правда, сите ќе ве стигне, реча мајката на Тамара, Жаклина Димовска.

Каков правник си ти, зарем не учеше право. Родители со две деца со посебни потреби не можат да бидат виновни за ништо. Убаво ти кажав дека Тамара мора итно, Тодоров не ме прими. Срам да ви е, одете си да се направи поубаво место за нашите деца, заминете да не се случи нова Тамара, чекајќи ја вашата милост. Мора да го најдеме виновникот, вие рековте ние сме виновни кои ни испративте решение за лекување после смртта на Тамара, рече Димовска.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

(ВИДЕО) Царовска: Северна Македонија е на врвот на евровизиската победничка листа со пораката за родова еднаквост и за прифаќање на различностите

Ана Ололовска

Галетановски до македонската дијаспора: Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди, никад да не се вратите

Татјана Ташкова

Би-би-си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија

Татјана Ташкова

Мицкоски: Честитки за Тамара, Македонија вечна

Галена Николовска-Ризвановиќ