Мајката на починатото бебе во битолската болница: Насилно ми го извадивте бебето, ќе ве изгорам сите

Од:

„Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. МАЈКА“, напиша на својот фб профил битолчанката чие бебе почина во битолската болница.

„Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат. Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, ЗОШТО?“, прашува таа.

„Се вратив во раце на други. Откако ми го пукнаа водењакот и ИСКУСНИТЕ воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, А ЗА КОЕ НИКОГАШ НЕ ОДБИВ ДА МИ БИДЕ НАПРАВЕНО, ИМАШЕ ВРЕМЕ за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот… Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека НЕ УЧЕСТВУВАЛА во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече ” АКО НЕ ТИ СЕ БЕНДИСВАМЕ НИЕ, ОДИ СИ ВО ПЛОДНОСТ”.
Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое НИКОГАШ НЕ УСПЕАВ ДА ГО ВИДАМ! И УШТЕ ЛЕСЕН БИЛ ПОРАЃАЈОТ, ДАЈ БОЖЕ СИТЕ СЛЕДНИ ДА МИ СЕ ВАКВИ….??? Па не бил насилен пораѓај.

Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се!

И тоа што ми се умилкувавте, ПЛАЧЕЈЌИ и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. НЕМА ДА ВЕ ИСПЕРИ.

Имав НАЈЗДРАВА БРЕМЕНОСТ, ДО ПОСЛЕДНИОТ МИГ. Секој преглед уреден, секој резултат уреден.
Го направија пропустот за кој што ЗНАМ, дека НИКОЈ нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де…

А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или?

А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?!

А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете?

А?

Оставки, жалења, тажења.. НЕ.

Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не.

НЕ ПОТЦЕНИВТЕ И МЕНЕ И СОПРУГОТ.

Но, ЌЕ ВЕ ИЗГОРАМ СИТЕ.
ВЕТУВАМ!

Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам… Мислејќи дека сте Бог.
УБИЈЦИ!

ПАРИЧНА КАЗНА? СМЕШНО Е.

ДУРИ НЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ!!!!!“, пишува битолчанката.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство