Скопското обвинителство денеска, експресно по наредбата за отворање истрага ја повика на распит мајката на убиениот 26 годишниот Пинета Секондо, Маја Трпковска, дознава „А1 он“. Таа треба на обвинителот да му ги посочи сите детали кои ѝ се познати, а се поврзани со исчезнувањето и убиството на нејзиниот син.
Мајката на Пино од декември минатата година, неколкупати организираше протести пред Собранието, а нејзиниот син го бараше и Интерпол. Семејството е незадоволно од полициската потрага.
Мајката на Пино на 11.12.2018 година го пријави нејзиниот син за исчезнат во полициска станица. Минатата недела, единицата за насилен криминал при СВР Скопје до поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и Ангела Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело убиство предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM.
На 29.04.2019 година во еиницата за известување и команда при СВР Скопје граѓанин пријавил дека на местото викано Башинец во атарот на с. Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.
По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители лицата против кои е поднесена пријавата. Извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот.
Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картички, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената Ангела Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје.
В. Маглешов