Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Од:

Маја Трпковска, мајка на убиениот Пино Секондо јавно ја искоментира пресудата од Апелација, со која случајот се враќа на повторно судење. Таа смета дека нема правда во Македонија. Ангела Ѓорѓиевска, која доби 19-годишна затворска казна, сега треба одново да се појави во судница. Од Апелација нема одговор дали таа ќе биде ослободена од притвор до отпочнување на новиот судски процес.

“Вода во пустина ќе најдеш ама Правда во Македонија тешко. Нема правда во Македонија”, напиша мајката на Пино.

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно, дека помогнала во извршување на убиството кое се случи во 2018 година. Телото на убиениот Пино беше пронајдено неколку месеци по убиството, во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.

Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството, користејќи пушка која ја носел со себе во автомобилот. Тој се гони за кривично дело убиство, но е недостапен за органите на правдата.

Според обвинението, осудената Ѓорѓиевска го повикала Пинета Секондо – Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Фуркан Али со возило „опел аскона“ носејќи со себе пушка. Тој го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“ со кое до насипот дошол Пино. На совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, а Пино седнал на задното седиште.

Обвинителството тврди дека тројцата се упатиле по обиколницата кон атарот на селото Арачиново и во една нива почнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент Фуркан Али со пушката го застрелал во главата убиениот Пино Секондо. Осудената Ангела Ѓорѓиевска придонела да се изврши убиството, така што овозможила Пино да се сретне со убиецот, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост.

Би можело да ве интересира

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Судење за убиството на Пино: Притвореничката Блерта Поцеста молчеше на денешното сведочење

Искра Манојлоска

Сведочење за убиството на Пино: Кога дојдоа кај мене Ангела и Фуркан сакав да ги фрлам низ тераса

Искра Манојлоска