Мајката на невакцинираното прваче од Велес: Се предавам, не го носам на училиште утре

Од:

По инцидентот во четвртокот кога со полиција ги принудиле да си го земат детето, родителите на невакцинираното прваче од Велес, разочарани велат дека утре нема да го носат на школо. Мајката Тања Перкова за „А1он“ вели дека се предава оти нема повеќе енергија да се бори за правото на образование на синот.

„Не можам да си дозволам повторно да го трауматизираме, утре нема да го носиме. Премногу е истрауматизирано детето, а нас неговото здравје ни е пред се. Немаме повеќе енергија за расправии со полиција и со инспектори“, изјави Перкова за „А1он“.

Таа изминативе 40 дена го носела првачето на школо и покрај предупредувањето дека нема да го запишат. Детето ја следело наставата, но не било запишано во дневникот, а во четвртокот кога првачињата давале свечена заклетва од родителите било побарано да си го земат дома. Мајката Перкова тврди дека директорот повикал полиција кога таа влегла во школото, а биле повикани и просветни инспектори кои ги убедувале да си го земат детето.

МВР доцна во четвртокот, пак, испрати официјално соопштение во кое стои дека полицијата била повикана поради невообичаена фреквенција на возрасни граѓани.

Директорот на ООУ „Блаже Конески“ Велес, Јованче Манасков, најави дека утре ќе даде изјава за инцидентот од четвртокот и ќе каже дали на првачето ќе му биде дозволено да ја следи наставата.

Решение на проблемот со првачето во „Блаже Конески“ најави дека ќе бара и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

„Уште утре ќе маме состаноци со претставници од Министерството за образование и со Министерството за здравство од каде што доаѓа забрана за упис на невакцинирани деца за да најдеме решение на проблемот и да утврдиме како конкретно да се постапува во вакви случаи, Ние во Велес имавме уште неколку вакви случаи, но останатите го послушаа советот и ги вакцинираа децата. Оваа мајка вели дека поради лошо искуство со другото дете, одбива да го вакцинира“, изјави градоначалникот Коцевски за „А1он“.

Мајката Перкова објасни дека не го вакцинираат првачето поради лошо искуство со поголемото дете кое на шестмесечна возраст по вакцината добило тромбоцитопенија. Таа вели дека од почетокот на учебната година бара на писмено документ во кој ќе стои дека нема право на упис, но не го добива. Нема одговор ниту на нејзините претставки во просветниот инспекторат.

За оваа учебна година Владата одлучи да се врши упис само на вакцинирани првачиња, но истовремено основното образование остана задолжително.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес