ВИДЕО: Мајката на Костадинов се повлекува од работното место

Од:

Мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов ќе се повлече од работното место во Централниот регистар во Струмица, најави Костадинов денеска на прес-конференција.

Тој вели дека во тој случај нема ништо не законски, и додава дека неговата мајка се повлекува од морални причини.

Тој додаде дека не може да зборува во име на другите функционери, но посочи дека очекува да го следат неговиот пример. Костадинов не открива каде ќе работи сега неговата мајка, но вели дека нема да биде во државна институција.

Фанија Костадинова беше вработена во централен регистар во Струмица. Оставката следува по изјавата на премиерот Зоран Заев, дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места.

Во меѓувреме, антикорупциска ги проверува вработувањата на 18 роднини на функционери дали имало влијание и судир на интереси.

Галена Николовска-Ризвановиќ 

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски