Мајката на јутјуберот Лазаров ја уништи членската на СДСМ: Многу е примитивно да го етикетирате Стефан за насилство врз жени

Од:

Анита Лазарова, мајката на јутјуберот Стефан Лазаров кој го направи контроверзното интервју со Драган Павловиќ-Латас во кое се зборуваше за сексуално злоупотребување на девојки, ја уништи својата членска книшка од СДСМ.

„Долго време размислувам да го направам ова, но вечерва навистина ја претеравте само заради тоа што сметате дека од позиција на моќ можете се! За да објавиш вакво нешто само и само заради тоа што не ви се допаѓа гостинот, а притоа да етикетираш млад човек за насилство на жени е многу ама многу примитивно. Жалам за своите сопартијци со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене збогум. Јас сепак сакам демократија“, објави Анита Лазарова.

Кршењето на пластифицираната членска картичка на СДСМ следуваше откако Форумот на жени на СДСМ јавно ги осуди Латас и Стефан Лазаров и го повика ОЈО да покрене постапка.

Претходно Стефан Лазаров се огласи со реакција во која истакна дека не гледал ништо спорно во тоа што Латас раскажуваше како на своја 15-годишна возраст злоупотребил девојка во „фиќо“, ниту во тоа дека негов другар им удирал шлаканици на девојките пред да има секс со нив.

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он

Освен обинение, ОЈО бара на Латас да му се одземе пасошот, а тој и Лазаров не смеат да имаат јавни настапи

Горан Наумовски