На денешниот протест за смртт на малиот Алмир, што се одржа пред Владата на Република Македонија, се обрати и мајката на Алмир.
„Овде не сум само за мојот син Алмир, туку сум за сите деца загрозени од криминалецот Бобан Илиќ, кој е на слобода. Мојот Алмир не правеше етнички поделби, го интересираше само пријателството и училиштето. Ние се боревме за албанскиот јазик, а ќе се бориме и за правда за Албанците.
– На обвинтелката Сузана Кусигерска од Основното јавно обвинителство – Куманово, ѝ порачувам дека не ми е потребна нејзината милост, туку само правда. Таа го уби мојот Алмир по втор пат“ рече мајката на Алмир.
Виктор Јованов