Мајка со пиштол си го убила петгодишниот син вчера во 16.10 часот, во близина на велешкото село Долно Јаболчиште.
Триесетгодишната Џевахири Ајрула прво го влечела детето за рака, а потоа кај местото викано Нуришова плоча, во атарот на селото, извадила пиштол и стрелала во стомакот на Салко Хамидовиќ, кој починал на самото место. Убиството било извршено пред очите на повеќе случајни минувачи.
Жената веднаш била уапсена, а потоа префрлена во психијатриската болница во Скопје. Полицијата работи на случајот.