Мајка со две деца од Македонија евакуирани од Газа

Од:

Мајка со две деца од Македонија побарале и биле евакуирани од Газа информира Министерството за надворешни работи. Тие претходно само побарале да останат во енкалвата каде што се водат жестоки борби.

Во изминатите 24 часа биле извлечени и префрлени во Каиро. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатена кон дома.

Со ова се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата.

– Уште еднаш благодарност до канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје. Потсетуваме на нашите контакти за пријава на евентуални наши државјани во Газа. СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542 велат од Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Сведоштва на сексуално злоставувани Палестинци во притвор на ИДФ: „Се молев за смрт“

Катерина Ѓуровски

Израелскиот парламент одобри специјален трибунал за Палестинците: Пренос во живо и смртна казна по кратка постапка

ВИДЕО: Израел повторно го крши меѓународното право, обвини шпанскиот премиер Санчез

ВИДЕО: Израелската морнарица ги пресретнува бродовите од хуманитарната флотила за Газа

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израелски војници силувале Палестинец: постои снимка, но нема да бидат судени