Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Од:

Основното јавно обвинителство од Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело запуштање и малтретирање на дете.

„Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината четиригодишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17.1.2024 година било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје. Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски