Мајка и ќерка загинаа при превртување на трактор

Од:

Мајка и ќерка, загинаа, а уште една жена е повредена вчера во несреќа на патот кон велешкото село Оризари на местото Карамуслица.

Несреќата се случила кога тракторот што го управувала 35-годишната Сумера М. од Штип се превртел. Покрај младата жена во несреќата загинала и нејзината мајка која се возела на тракторот, 59-годишната Игбала Т. од Горно Оризари.

Во несреќата повредена е уште една жена која била со нив на тракторот, но поминала со полесни повреди бидејќи скокнала од тракторот.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска