Вистинска драма се случувала утрово во скопската населба Хиподром.
Мајка го фрли својот 6-годишен син Марко од прозорeц, а според очевидците детето удрило со глава во шипката зa сушење веш од долните спратови, но соседите кои ја следеле во ужас целата драма, успеале да го фатат во раце пред да падне на земја. По половина час и мајката се фрлила од зградата.
Еден од очевидците чија сопруга работи во Ургентниот центар кажа дека детето било живо. Соседите велат дека родителите на Марко имале хармоничен брак, биле финансиски стабилни и не гледаат причина за мајката да го направи овој грозоморен чин. И детето и мајката се пренесени на скопаската Клиника.
Откако мајката го фрлила детето, нејзината свеквра ја убедувала и самата да се фрли, а откако таа го видела полицаецот кој се симнувал од шестиот спрат со јаже за да ја спаси, и таа се фрлила.
Александар Тодески