Мајчинско отсуство од пет и родителско од четири месеци предвидува новиот Предлог закон за работни односи

Од:

Новиот Предлог закон за работни односи наместо досегашното породилно отсуство, предвидува поделба на мајчинско, татковско и родителско отсуство.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги појасни нејаснотиите околу предлогот кои предизвикаа жестока дебата на социјалните мрежи поради менувањето на терминологијата за породилно отсуство.

„Татковското отсуство е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно.

Иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство, значи, останува со детето исто како и досега, девет месеци.

Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото, кои доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителството отсуство на мајката, значат дека детето, наместо досегашните девет месеци, ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци“, објави министерката Тренчевска.

Воведувањето на три вида на отсуство имаат за цел изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на растење на детето, појасни министерката и додаде дека во следниот период ќе има јавни расправи по Предлог законот за работни односи.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Владата потфрли, после 7 години има намалување на просечната плата за 1.000 денари

Тренчевска: Од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари

Предраг Петровиќ

Алек е првото бебе годинава, Меџити се обложил дека ќе биде машко

А1он

Апсења за измама во Прилеп: Осомничените фиктивно вработувале бремени жени и переле пари

A1on