(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

Од:

„На денешната комисиска расправа, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за Кривичниот законик. Одбија враќање на членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластување, на решението пред измените од 2023 година. Причината е јасна: со сегашните решенија нема одговорноста кај најкритичната област – тендерите. Без силен член 353, тендерската коалиција сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми, без одговорност“ рече на прес-конференција во Собранието пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска.

Таа вели „Одбија и бришење на рокот од 5 години за конфискација на имот стекнат со криминал. Зошто имотот украден од граѓаните да не може да се конфискува без разлика кога е стекнат. Правда со рок на траење не е правда. Одбија строги и јасни правила за системот „Safe City“: дигиталните податоци и снимки да се бришат во рок од 48 часа, а пристап до нив да има исклучиво со судски налог“.

„Вака останува можноста за злоупотреби, МВР да делува како партиски инструмент за следење, притисок и уцена на граѓаните. Одбија драстично зголемување на казните за организиран криминал. Одбија проширување на условите за конфискација, за криминалниот имот да не може да се крие зад туѓи имиња, параван-фирми и фиктивни сопственици. Дури одбија и позасилена кривично-правна заштита на децата од најтешките форми на експлоатација“ порача Тренчевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел