Магла на Стража, слаб снег на планинските превои Буково и Ѓавато

Од:

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по наместа влажни коловози, а слаб снег провејува во Битола и Ресен и на планинските премини Буково и Ѓавато.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека поради магла до 100 метри, видливоста е намалена на планинскиот превој Стража.

Се уште сообраќајот е во прекин на регионалниот пат на м.р. „Глобица“ во непосредна близина на селото Ратавци – Пробиштип, а поради надојдените води на реката Крива Лакавица во прекин се и патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

Поради излевање на реката Вардар во прекин е и сообраќајот кај клучката Миравци – Гевгелија.

Забрана за движење поради свлечиште има на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип.

Сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента на патот Радовиш-Штип каде е санирана штетата на мостот, а нормализирано е движењето на возилата на патот Демир Капија кон селото Корешница.

Се уште важи и забраната за тешки товарни возила над 7,5 тони и автобуси на патниот правец Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози