На патните правци Тетово – Скопје и Тетово – Попова Шапка попладнево има магла со видливост од 100 до 150 метри, а врнежи од слаб дожд се бележат во западниот и југозападниот дел од државата, информира АМСМ.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на останатите патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Според АМСМ, посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга и Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.