Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не претставува пречка за одвивање на сообраќајот.
Како што информира јавното претпријатие „Македонија пат“, појава на магла има на планинскиот превој Стража, со видливост до 70 метри. Магла има и на планинскиот превој Ѓавато, со видливост до 150 метри.
По клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.