А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Маѓар Телеком ќе спроведе истрага во македонски Телеком

by А1он17/03/2015 - 13:0717/03/2015 - 16:32187
Share0

Маѓар Телеком планира истрага која ќе ја спроведуваат надворешни консултанти во својата фирма-ќерка во Македонија, вели за Дојче веле, портпаролката на Дојче Телеком, Елпида Тризи. Повод за истрагата се сомнежите за улогата на македонскиот Телеком во аферата со прислушкувањето која во Македонија ја отвори лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

Уште при објавувањето на првите „бомби“ Заев оцени дека наводното масовно прислушкување на повеќе од 20 илјади граѓани во Македонија не можело да се одвива без дозвола и знаење од мобилните оператори во Македонија. Двата најголеми оператори во Македонија, Т-Мобиле и ВИП се во сопственост на фирми ќерки на Дојче Телеком и на Телеком Аустриа.

Во еден од разговорите кои ги презентираше Заев, министерот за транспорт Миле Јанакиески бара од членот на Управниот одбор на Т-Мобиле, на денот на изборите да се исклучи телефонски број кој го користи опозицијата. Во друг разговор, првиот човек на Т-Мобиле Жарко Луковски се заканува дека ќе отпушта од работа вработени кои нема да гласаат за владејачката партија, пишува Дојче Веле.

Во Дојче Телеком, одбиваат да ги коментираат конкретните настани, но Тризи вели дека „проблемот им е познат“.

„Сепак, имајте предвид дека Дојче Телеком не е директно инволвиран во Македонија, туку преку својата подружница, Маѓар Телеком, кои се директни акционери во случајов“, вели Тризи.

Доминантен сопственик во „Македонски телекомуникации“ е фирмата АД „Камени мост Комуникации Скопје“ со 51 отсто од акциите, а 34,8 отсто од акционерскиот капитал и‘ припаѓа на македонската Влада. Сопственик на „Камени мост комуникации Скопје“ е Маѓар Телеком, а доминантен сопственик во унгарскиот телеком е Дојче телеком.

„Во секој случај, ние сме во близок контакт со надлежните во ќерката-компанија Маѓар Телеком. Маѓар Телеком во моментов планира истрага преку именување на надворешни консултанти“, вели портпаролката на Дојче Телеком. Од Маѓар Телеком не одговорија на барањето на Дојче веле за коментар на најавата за спроведување истрага во Македонија, пишува Дојче Веле.

bombatelekom

Би можело да ве интересира

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски11/06/2025 - 12:2011/06/2025 - 12:42

Експлодира бомба во Загреб, оштетени се два објекти, нема повредени

Горан Наумовски27/05/2025 - 08:0327/05/2025 - 15:14

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он18/09/2023 - 09:0218/09/2023 - 10:32

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски17/08/2023 - 13:0817/08/2023 - 13:45

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он17/08/2023 - 11:0717/08/2023 - 11:45

Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

A1on21/07/2023 - 16:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен