Мачка главен координатор во обезбедувањето на јужната граница

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со амбасадорите на земјите чии полициски службеници учествуваат во заедничките операции на јужната граница денеска ги посетија граничниот премин Богородица и привремениот транзитен центар Гевгелија.

На средбата со раководството на граничниот премин Богородица министерот Чулев бил запознаен со состојбата со илегалната миграција и статистиката поврзана со криумчарењето мигранти.

Додека тие разговараа за овие состојби, една мачка, застана во средината и внимателно ги слушаше надлежните околу соработката на странските со македонските полициски службеници  ангажирани во обезбедување на границата.

Ова предизвикало смеа и кај присутните, но сепак фотографијата од мачката која личи како да ги координира полициските претставници беше испратена и официјално од страна на МВР.

Инаку, во моментов на нашата јужна граница, заклучно со 01 февруари, има 141 странски полициски службеници распоредени по полициските станици за гранични проверки и граничен надзор Богородица, Стар Дојран и Меџитлија.

„Со сигурност можам да информирам дека безбедносната ситуација на јужната граница е стабилна и се трудиме тој тренд да биде задржан и во иднина“, рече Чулев.

Во борбата со овој феномен, потенцирал Чулев, покрај нашите полициски службеници, голем придонес дале и полициски службеници од Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Словенија, Хрватска и Србија, кои земаат активно учество во заедничките операции на границата, што како проект е продолжен до 31.08.2020 година, односно до операционализација на Договорот со ФРОНТЕКС, благодарение на Европската Унија и ИОМ.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби